еМагазин
Бизнис

Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија

Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од Северна Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ.

По исклучок, увозот може да се одобри за одредени месни производи и производи кои содржат месо со потекло од домашни свињи само доколку ги исполнуваат условите пропишани со наредбата за забрана за увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и месни производи, се додава во соопштението.

Забраната се однесува и на Филипини, Источен Тимор, Индонезија, Индија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Кина, Кенија, Лаос, Молдавија, Мјанмар, Намибија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Папуа Нова Гвинеја, Русија, Украина, Виетнам и Замбија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во село во Делчево, потврден прв случај на Африканска свинска чума во Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

Редакција

Компаниите кои се пријавени непречено добиваат субвенционирана струја, велат од ЕСМ Продажба

Редакција