еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

– По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ Беса транс БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај – Скопје, подружница Беса травел со адреса улица Стив Наумов број 2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно не работи.

Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по наше барање, има доставено известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор, па како министер за економија донесов решение за одземање на лиценцата, пишува Бектеши на Фејсбук.

Од ресорното Министерство ги повикуваат сите граѓани да проверат со кои туристички агенции патуваат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.

Фото: Фејсбук/Беса транс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 844 случаи со Ковид-19, шест починати и 815 оздравени

Редакција

Индикатори има, но не и најави за сериозен проблем во снабдувањето со гас за компаниите, вели Деспотовски

Редакција

Починаа 11 лица од Ковид-19, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција