еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собранието продолжува расправата за избор на новата влада

Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада.

Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Фокусот на новата влада, како што најави Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години. Тој во вчерашното експозе во Собранието најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто.

Главен предизвик во економијата, како што рече, и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза. Најави дека минималната плата ќе продолжи да расте што ќе придонесе за раст и на просечната плата.

Зголемување на пензиите ќе биде исто така една од првите одлуки на новата влада. Новата влада, како што посочи мандаторот, има план за соочување со економската и енергетската криза.

– Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем. Фокусот на обновливите извори на енергија и ефикасното искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција, рече Ковачевски.

Мандаторот Ковачевски во експозето порача и дека разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ.

На вчерашната седница од страна на пратениците од опозициските и владејачките партии можеа да се чујат потполно спротивставени ставови во врска со составот, програмата и политиките на новата влада.

Од опозицијата сметаат дека поединечните предлог-имиња во новата влада се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. Според нив, новата влада ќе биде продолжување на претходната и нејзиниот неуспех.

Заеднички став на поголемиот дел од пратениците од опозицијата е дека оваа влада ќе биде влада со краток рок, која брзо ќе се соочи со своите аномалии и оти многу брзо ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски пред пратениците: Да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите

МИА/Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија денеска против Португалија игра за пласман на Светското првенство во фудбал

Редакција

(Видео) Влошена состојбата кај една од пациентките заразени од корона вирусот, поставена е на апарат за дишење

Редакција

Нови 577 случаи на Ковид-19, во Скопје 265

Редакција