еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За еден ден низ Македонија откриени дури 60 неисправни возила за јавен превоз

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

– Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје…

Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа, кои исто така учествуваа во акциската контрола, преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, рече Ангеловски.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе треба да плати отштета од 21,5 милиони евра за непочитување на договорот со ОКТА

Редакција

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

СОЗР на Владата вработува 16 лица, плата до 25.000 денари

Редакција