Во пожарот кој траеше четири часа, а започна вчера попладне, изгоре горниот дел на главната зграда на фабриката „Жито Битола„ во Битола.
Пожарот беше локализиран синоќа околу 20 часот, а во неговото гаснење беа вклучени 29 пожарникари со девет противпожарни возила.
На барање на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше помогнато и со две возила за дотур на вода од ЈП Водовод и РЕК Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Нема повредени: Голем пожар во фабриката „Жито Битола“
Фото: Општина Битола
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.