еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пановски: Да беше омикрон смртоносен како делта, на овие заразени ќе имавме и до 70 смртни случаи дневно

Микробиологот проф. Д-р Никола Пановски, за Нова Македонија вели дека колку повеќе новозаразени има, толку поголем ќе биде и бројот на хоспитализации, а со тоа и бројот на починати лица.

Тој вели дека кога во септември минатата година имало по 2.400 заразени на ден, имало и до 50 смртни случаи дневно.

– Омикронот да беше смртоносен како делта-сојот, на овој број на заразени ќе имавме и до 70 смртни случаи на ден. Омикронот ја намалува смртноста процентуално, но сепак имаме бројка на смртни случаи на дневни ниво која не е мала, посочува тој.

Сепак, Пановски очекува кога бројот на позитивни случаи на дневно ниво ќе се намали на 500 новозаразени, да нема повеќе од пет смртни случаи на ден.

– Кога ќе се намали бројот на смртни случаи, тогаш веројатно дека ќе доминира омикрон-сојот. Но, за сето ова да е релеватно и да се базира на факти, треба институциите да посочат детални податоци, заклучува професор Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Омикрон пламна како шумски пожар, но се повеќе му недостасува кислород за горење

Доктор Докиќ: Променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија се најчести симптоми на омикрон

„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идната министерка за финансии, Ангеловска: Ќе вложам максимум во домаќинско раководење со парите на граѓаните

Редакција

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Редакција

(Фото) Димитров со трогателен статус и заедничка фотографија се прости од мајка му Ратка

Редакција