Кристина Ампева од Гласен текстилец, за зголемувањето на минималната плата на Фејсбук вели дека, зад затворени врати е договорено субвенционирање од страна на државата, што во превод значи, зголемувањето ќе биде платено од џебот на граѓаните.
„Влада и премиере, со ослободување на даноци од најплатената индустрија, со нереална споредба на сите сектори (банки и текстил, пример), со немање на вистински решенија и дебати зад затворени врати, ја продлабочувате кризата.
Криењето зад некаков дијалог и ЕСС, ќе ви се врати како бумеранг. Предвидовме многу работи, го предвидуваме и ова. Ако не знаете како, има меѓу нас луѓе, експерти кои знаат, повикајте ги, ќе помогнат со задоволство. Минималната плата во Црна Гора се качи драстично од оваа година благодарение на реална програма и реални решенија. А не мачкање очи на јавноста со синдикалци и работодавачи,“ пишува Ампева.
Таа го наведе примерот со Црна Гора, како таму се зголемила минималната плата.
„Црногорците се опаметиле и еве донеселе програма „Европа сега“ и велат дека ќе се оданочуваат оние со високи приходи, а ќе им се намалат даноци на оние со ниски приходи, во име на праведност и еднаквост, дека институциите на државата сами ќе се борат против сива економија, а неисплаќање на плата и придонеси ќе биде кривично гонето.
Исто така државата се откажува од придонеси од здравствено осигурување, од богатите ќе се собира данок. Кај нас прајм министерот се откажа даноци во ИТ, најбогатиот сектор.
Исто, за операции и лечење на наши граѓани правиме донаторски акции, јер у ФЗО не знам кај им се парите кои ни се кратат од плата. Нека читнат малце премиерот и синдикалецот,“ пишува Ампева.
Според нејзе, минималната плата треба да биде уште повисока, но да се изнајде системско решение за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна договор: Минималната плата од март ќе изнесува 18.000 денари
Како ќе се зголеми минималната плата
Фото: Фејсбук/Ампева