еМагазин
Image default
Македонија

Протокол за лекување од Ковид-19 има, но можеби сме мрзеливи да читаме 35 страници, вели Сали

Министерот за здравство Беким Сали во гостувањето во „Само вистина“ на телевизија Канал 5, рече дека протокол за лекување на Ковид-19 има, и истиот бил напишан во ноември или декември 2019 година.

„Тој протокол е обемен. Во изминатите две години тој претрпил одредени промени врз основа за новите соеви. Протоколот е напишан од доктори од Инфективна клиника и е расподелен и кон другите институции.

Жалам што одредени доктори или институции не го следеле овој протокол. Тие земале протоколи од соседни држави. Но, тоа не е грешка. Протокол има, но можеби сме мрзеливи да читаме протокол од 35 страници.

Вчера на Комисијата за заразни болести зборувавме како да направиме форма на протоколот кој може да биде достапен и јасен за јавноста. Бидејќи овој протокол е многу стручно напишан и нема да се разбере,“ рече Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19

Пикот на омикрон е во благо опаѓање, но имаме проблем со ниската стапка на вакцинација, оценува Сали

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“

Редакција

Шекеринска: МО ќе оддели околу 60 милиони денари за кампањата за референдумот

Редакција

Советник од бугарската Амбасада ќе го посети Камчев во затвор, бидејќи е бугарски државјанин

Редакција