еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, можеа да бидат уште 2.100 од починатите

Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока, неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа за ковид-состојбата.

“Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно.

Од почетокот на бранот на делта сојот (06.08.2022) до 10.02.2022 починале 3.161 лица.

Сметајќи со морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните од недела во недела, доколку биле сите вакцинирани би починале околу 1.001, а доколку никој не бил вакциниран, би починале околу 8.922 лица.

Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, но можеа да бидат спасени уште други 2.100 од починатите, дури и со ефективноста на две дози од постоечките вакцини.

Со три дози веројатно и малку повеќе, но засега немаме доволно податоци за поточна пресметка.

Заклучуваме дека најголемиот проблем не е малиот број трети (бустер) дози, туку малиот број втори дози од вакцините.

Жалосно е да се гледа како умираат луѓе поради доведеност во заблуда и некаква ирационална упорност, но тоа е нашата реалност. Ако некој не сака, не можеш со сила да му помогнеш.

Дали антиваксерските агитатори се всушност еден вид садисти, кои уживаат гледајќи ги луѓето како умираат поради заблудата во која ги довеле?

Дали за нив ова е само забава? Од друга страна, неинформираните луѓе се погоден медиум за манипуирање од страна на овие предатори.

Да повториме уште еднаш: морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Поинаку кажано, ризикот од смртен исход кај невакцинираните е 7,6 пати поголем отколку кај вакцинираните. На паметниот му е доволно,“ пишува Трајковски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мојсоски: Причина за големата смртност од Ковид-19 е недостатокот на кадар и неорганизиран здравствен систем

Проф. Трајковски: Броевите на хоспитализации и на смртни случаи ги достигнаа своите врвови

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема карантин ни полициски час за Штип

Редакција

Поранешниот припадник на ОВК, Рамадани нема да биде екстрадиран во Србија, останува во домашен притвор

Редакција

Тошковски позитивен на Ковид-19

Редакција