еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Агим Нухиу, старо-новиот заменик министер за правда

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите заменици министри.

Кој е Агим Нухиу

Агим Нухиу е старо-новиот заменик министер за правда.

Роден е на 24 август 1977 година во с.Слатино – Тетово.

Тој е доктор на правни науки, а титулата ја стекнал на Правниот факултет при Универзитетот во Тирана, Албанија во 2013 година.

Тој е и магистер на правни науки – граѓанско право, а титулата ја стекнал на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина, Косово во 2008 година.

Стекнал и титула магистер на правни науки – граѓанско право на Правниот факултет при Универзитетот во Тирана, Албанија во 2007 година.

Тој е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитет во Тетово во 2001 година.

Професионална и политичка кариера

Работел како вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово.

Бил министер за внатрешни работи во “Пржинската влада“, 2020 година.

Бил заменик министер за внатрешни работи, во периодот од 2017 до 2020 година.

Бил министер за внатрешни работи во “Пржинската влада“, 2017 година.

Бил заменик министер за внатрешни работи, 2016 година.

Бил и продекан за науки, Државен универзитет во Тетово, 2015 година.

Раководител на одделот за граѓанско право – Правен факултет, Државен универзитет во Тетово, 2015 година.

Коoрдинатор на меѓународното научно списание за правни прашања “Justicia” – Правен факултет, Државен универзитет во Тетово, 2015 година.

Бил член на Комисијата за заштита од дискриминација, од 2011 до 2015 година.

Бил претседател на научно-истражувачки форум на правници Албанци во Македонија, 2011 година.

Член на советодавниот Комитет за спроведување на Охридскиот рамковен договор, 2011 година.

Член на Совет за акредитација на високообразовни институции, 2008 година.

Бил и в.д. Декан на Правниот факултет при Универзитет во Тетово, 2007 година.

Бил и главен уредник на меѓународно научно списание за правни прашања “Ulpianus”, Асоцијација на правници албанци во Македонија, 2002 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Фатмире Исаки, старо-новата заменик министерка за надворешни работи

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

Кој е Башким Хасани, старо-новиот заменик министер за одбрана

Фото: Фејсбук/Нухиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 706 лица до 19 години во Македонија заболеле со Ковид-19

Редакција

Во пожар во скопски Аеродром загина неподвижна жена

Редакција

Главниот штаб го одобри укинувањето на маските, се чека одлука на Владата

Редакција