еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со слаб ветер и температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец,. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничената за убиството на Тот ги запрепаситила полицајците, по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење, објави „Јутарњи лист“

Редакција

Христос воскресе – вистина воскресе!: Денеска е Велигден

Редакција

(Фото) Министерот Османи на аџилак во Мека

Редакција