еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 25 лица, 23 имале коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 14 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две починати лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и 84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1).

Починатите лица се на возраст од 59 г. до 91г. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.793.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 848 оздравени од Ковид-19

162 се реинфекции: 1.269 нови случаи на Ковид-19 од 4.047 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

Редакција

Министерството на Груби вработува 15 службеници

Редакција

Седум починале дома: Од Ковид-19 починаа 18 лица

Редакција