еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Годинава ќе летуваме по повисоки цени: Раст на цените за аранжманите во Грција и Турција за 15 до 20%

Енергетската криза, растот на инфлацијата, како и растот на бројни други цени во Македонија, но и во Европа и пошироко, годинава ќе ни донесат нови, повисоки, цени и за летување и патување воопшто.

Од туристичките агенции со кои разговараше еМагазин велат дека цените на апартманите и хотелите во Грција и Турција годинава се пораснати од 15 до 20%.

Најава за повисоки цени има и за летување во Хрватска.

Има интерес за летување во предсезона

Веќе има голем интерес за аранжмани за предсезона, доста популарни кај нас, а очекувањата на туристичките агенции се дека годинава ќе имаат подобра сезона, отколку претходната година, бидејќи граѓаните по секоја цена сакаат да летуваат и патуваат, после се што доживееа со ковид-пандемијата, која трае веќе две години.

“Веќе имаме нови резервации за предсезона, а доста граѓани годинава планираат да ги искористат и ваучерите, кои досега поради ковид пандемијата не успееа да ги искористат“, вели за еМагазин, Ана Богоевска, менаџер за резервации во туристичката агенција „Савана„.

Раст на цените на основните производи

Тоа што исто така граѓаните треба да го имаат во предвид при планирањето на овогодинешново летување е дека цените на основните производи и во Грција и Турција, како што е случај и со Македонија, генерално се повисоки споредено со лани, почнувајќи од кафе во кафуле до леб, овошје и зеленчук во супермаркет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Редакција

Ѓоковиќ се „јави“ од терените во Мелбурн: Сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен

Редакција

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Редакција