Од утре, започнуваат отворените разговори за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, под наслов „Пандемија во пандемија. Криза на менталното здравје. Знаеме ли што ни се случува?“
Првата тема им е посветена на младите во време на пандемијата и појавата на таканаречена „Генерација Ковид-19“. Отворениот разговор на тема „Како да препознаете анксиозност?
Рефлекторите свртени кон средношколската популација“ е закажан за утре, 22.02.2022 година со почеток 20.00 часот на кој ќе зборува Ана Попризова, психолог и гешталт терапевт, со големо искуство особено кај средношколците како група, која според многу истражувања се смета за една од најзасегнатите, а според СЗО околу 20% од децата и адолесцентите во светот имаат проблем со состојбата на менталното здравје, а самоубиството е втора причина за смрт кај млади од 15-29 години.
Целта на овие отворени разговори е подигнување на јавната свест за состојбите со менталното здравје и иницирање промена во ставовите кон овие прашања.
Сите заинтересирани можат да се вклучат на линкот на us02web.zoom.us, кој е јавно достапен и на FB страната Rotary Club Skopje International. Настанот е ограничен и ќе може да се приклучат 100 лица, а по пополнување на бројот нема има можност за приклучување.
За да се опфатат повеќе теми, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ ќе организира серија разговори на повеќе теми од областа на менталното здравје, а кои ќе се одржуваат еднаш месечно – секој последен вторник во месецот.
Сите заинтересирани кои сакаат да предложат тема или да се пријават како предавачи можат да го направат тоа на електронската адреса [email protected].
Повеќе од 450 милиони луѓе во светот страдаат од нарушување на менталното здравје, а околу 20 отсто од децата и адолесцентите имаат ваков тип на проблеми, се вели во извештајот на Светската здравствена организација.
Нарушувањето на менталното здравје се зголеми во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и стана дополнителен ризик-фактор за луѓето, а лицата кои се соочуваат со вакви проблеми понекогаш не се свесни за својата состојба.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА