еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

62-годишник од Битола го убил неговиот поранешен зет кој насилно влегол во куќата и се заканувал на ќерка му

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62), кој околу 05.55 часот утрово во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С. (44), кој починал на местото.

Според пријавеното, С.С. претходно, со употреба на сила, влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која е негова поранешна сопруга.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршниот одбор на СДСМ го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Апелација ја уважи жалбата: Мијалков излегува од притвор

Редакција

Владата препорача спортските натпревари да се играат без публика, јавните собири да се откажат до 6 март

Редакција