еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Путин ги призна украинските области Доњецк и Луганск како независни држави

Вечерва рускиот претседател Владимир Путин јавно, пред камери, потпиша одлука за признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави.

Во телевизиско обраќање тој истакна дека Украина во последните месеци е преплавена со оружје од Западот и дека инструкторите на НАТО често се присутни на воените вежби во таа земја.

Тој рече дека украинскиот Устав не дозволува воени бази на странски држави на територијата на таа земја и дека членството на Киев во НАТО ќе биде директна закана за безбедноста на Русија.

-САД и НАТО ја претворија Украина во воена зона, подвлече Путин.

Посочи и дека му било ветено дека НАТО нема да се шири, а се случило спротивното.

Рече и дека Москва секогаш поддржува дипломатски решенија, но дека НАТО целосно ја игнорирал загриженоста на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ситуацијата во Украина пред ескалација: Путин најави признавање на независноста на Доњецк и Луганск

Рускиот напад врз Украина може да почне во следните часови или денови и ќе биде екстремно насилен, тврди САД

Фото: Руска влада/видео: Sky news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографија од Јанева со снопче пари од по 500 евра пред неа во мобилниот на Боки 13

Редакција

Коалициските партнери потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно, велат од Влада

Редакција

Поради заглавувањето на петтиот пакет во Собрание, околу седум илјади вработени не зеле плата во февруари

Редакција