Во раните утрински часови, рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање го најави нападот на Украина, по што како што пренесуваат светските агенции почнаа да одекнуваат експлозии низ целата земја и околу главниот град Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во своето обраќање Путин најави „специјална воена операција“ и ги повика украинските војници да го предадат оружјето, а според него оваа операција има за цел да ги заштити цивилите.
Путин рече дека акцијата доаѓа како одговор на заканите кои доаѓаат од Украина и додаде дека Русија нема цел да ја окупира Украина, а дека одговорноста за крвопролевањето е на украинскиот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи го осуди нападот на Украина
Фото: Руско министерство за одбрана/видео:12 News/Guardian News
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.