еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски со подршка на територијалниот интегритет на Украина: Важно ми е какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа

Територијалниот интегритет на Украина, како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со случувањата во Украина.

„Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви.

Но, она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси…

Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава,“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски го осуди чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Османи го осуди нападот на Украина

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работел ТЕ-ТО лани

Редакција

Откако почина пациентка, затворени операционите сали во болницата во Прилеп, се чекаат резултати од испитувањата

Редакција

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Редакција