еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Нè очекува економски неизвесна година, земјава е безбедна

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање до јавноста уште еднаш изрази осуда за агресијата на Русија врз Украина и повика на прекин на војната.

Како членка на НАТО, тој рече дека Македонија е безбедна, но најголем предизвик е економијата.

„Поради војната, глобалната економска криза се продлабочува. Не очекува неизвесна година каде што економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Владата будно ги следи светски економски текови и ќе делува во најдобар интерес за заштита на домашната економија и на финансиската состојба на граѓаните.

До сега преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, како Влада инсистиравме сите ресурси да се насочат кон економска помош на граѓаните и стопанството.

Глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала. Нема присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1 посто од вкупните вредности

Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите, што би значело продлабочување на веќе постоечката енергетска криза, е нешто за кое како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно.

Оваа криза е голем предизвик, но ќе ја поминеме со заеднички напори,“ уверува Ковачевски.

Тој ѝ порача на Владата и на институциите максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици од кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски до јавноста

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера паднала и веб-страницата на МВР: ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот

Редакција

Клиника за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ со детали за лекувањето на ракометарот Денис Тот: Беше примен без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди

Редакција

Детали од МВР за смртта на бизнисменот Радомировиќ

Редакција