еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До среда врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд вдолж пошироко Повардарие, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови.

До крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал-1 до 6, а максималната од 0 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено и особено во повисоките делови ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од овој бран на врнежи пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24 ч) ќе има во западните делови.

До понеделник наутро снежната покривка на планините значително ќе се зголеми и ќе се формира нова на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег.

Во понеделник врнежите ќе се послаби, а во вторник ќе има услови за провејување на снег со послаб интензитет.

До среда ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали, особено утринската.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тие во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се, вели Стојков за забраната за отварање на македонскиот клуб

Редакција

Што пишува во биографијата на новиот претседател на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски

Редакција

Бегалецот Артан Груби за брзо време ќе биде уапсен?

Редакција