еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Поранешните министри за внатрешни работи и транспорти и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, обвинети во случајот „Титаник”, по изјаснувањето за виновни за обвинението, денеска од Кривичниот суд Скопје, беа осудени на вкупно седум години казна затвор.

Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани информира дека Јанакиески е осуден на вкупно четири години и шест месеци затвор, додека Јанкулоска, на две години и шест месеци затвор.

Воедно, денеска пресуда беше соопштена и за останатите обвинети кои признаа вина во случајот „Титаник”.

Обвинетиот Мартин Протугер беше осуден на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

Исто така на иста условна осудени беа осудени и поранешната заменичка – министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковски и обвинетите Кирил Тодоровски и Катерина Веловска.

Обвинетиот Мунир Пепиќ беше осуден на казна затвор од една година, додека Коста Митровски беше осуден на три години казна затвор.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ни една институција не го спречила ризикот од корупција за „Бехтел и Енка“

Редакција

Минатата недела тројца починати од Ковид-19 од Скопје и Охрид

Редакција

Починаа петмина заболени од корона вирусот, најмладиот на 43 години

Редакција