Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 21 до 27 февруари покажуваат дека се пријавени 68 смртни случаи од Ковид-19 во 19 градови, што е за 45,6% помалку во однос на претходната недела.
„Најголем дел од нив се од Скопје (27).
Во однос на возраста, најголем број (n=63; 92,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (2) и 40-49 години (3)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалување од 39,5%: Минатата недела регистрирани 3.702 нови случаи на Ковид-19
Намалување за 37,2%: Минатата недела 542 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, едно по третпат
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.