Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 9 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1), Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1).
Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.027.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19
68 се реинфекции: 476 нови случаи на Ковид-19 од 2.781 тестови
Фото: МЗ