еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

За ширење лаги за руската војска во Русија казна затвор и до 15 години

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската.

Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми.

Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години.

Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор.

Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ги блокира Фејсбук и Твитер

Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, вели Путин

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Деца од ОУ Ѓоргија Пулевски донираа пари за топол оброк за нивните врсници кои неможат да си го дозволат

Редакција

„Јумак“ го доби тендерот на Град Скопје за дизајн и изведба на велосипедска патека на Водно вреден 115.000 евра

Редакција

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска нова судијка во Уставен суд

Редакција