еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украинската Служба за безбедност тврди дека убиениот украински преговарач загинал во специјална задача

Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.

Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс.

„Тие загинаа бранејќи ја Украина“, се наведува во соопштението.

Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија.

Киреев е осомничен дека е руски шпион, а медиумите наведуваат дека украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен еден од украинските преговорачи поради наводно предавство

МИА/Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа, тврди вештакот Мирчевски

Редакција

Поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски излегува од затвор, Врховен суд му ја укина казната

Редакција

ДИК: Излезноста на Локалните избори до 9.30 часот е 3,28%

Редакција