еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО потврди напади на неколку здравствени центри во Украина кои предизвикале повеќе смртни случаи

Светската здравствена организација (СЗО) потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.

Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.

„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко, пак, изјави дека „руските терористи веќе оштетија 34 болници во Украина, поради што некои од нив воопшто не се во можност да даваат услуги“, пренесе Укринформ.

– Денеска непријателот онеспособи 34 болници низ целата земја. На некои од нив им се уништени зградите, прекинати мрежите, останати се без услуги за снабдување со вода и електрична енергија. На некои целосно им е оневозможено да работат.

Тоа е уште едно прекршување на Женевската конвенција, која прецизира дека здравствените работници не можат да бидат вклучени во војна и воени конфликти. Окупаторите го занемаруваат тоа, намерно ги прекршуваат сите одредби од Женевската конвенција и уште еднаш докажуваат дека не се војска, туку терористи, изјави Лиашко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот премиер Бенет по средбата со Путин: Шансите за успех не се големи

Папата Франциск: Во Украина нема специјална воена операција, туку војна

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Редакција

Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на УО на Стопанска банка Битола

Редакција

Бугарија презадоволна од пописот во Албанија, и се заблагодари на земјата за сработеното

Редакција