еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

„Мали поместувања“ во третата рунда руско-украински преговори

Заврши третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск.

„Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија“, соопшти Амбасадата на својот канал на Телеграм.

Членот на украинската делегација во преговорите Михаило Подољак, веднаш по завршувањето на новата рунда во видео објава на Твитер кажа дека има мало позитивно поместување на преговарачките позиици.

„Заврши третата рунда преговори. Има мали позитивни поместувања за подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори…

Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на регулативи, заедно со прекинот на огнот и безбедносните гаранции“, пренесе Подољак.

Разговорите траеја речиси три часа.

МИА/Фото: Новаја газета/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19.7% од заболените со Ковид-19 без симптоми

Редакција

ОКТА ќе дели дивиденда од 240 денари бруто по акција

Редакција

(Фото) Хари Костов со капче против топлотниот бран на потпишувањето на договорот за финансирање на East Gate Mall

Редакција