еМагазин
Македонија

Доктор од Валандово на границата помеѓу Бугарија и Романија им пружа медицинска помош на бегалците од Украина

Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови.

Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони во Украина кои пристигнуваат во прифатните центри на границата меѓу Бугарија и Романија.

– Од долгото и мачно патување бегалците најчесто имаат проблеми со алергии, респираторни болести и дијареа, но голем број од нив имаат и онколошки, како и ревматични болести. Се надеваме дека оваа војна што побрзо ќе заврши, а со неа и бегалските маки, рече д-р Кировски.

МИА/Фото: Фејсбук/Кировски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата го потврдија инцидентот со владиниот авион „Лирџет“

Редакција

Мијалков бил пример за другите затвореници, им помагал во работните ангажмани, вели директорот на струшкиот затвор

Редакција

МВР има нови сознанија за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски

Редакција