Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки во областа на надворешната економска активност како одговор на западните санкции, со цел да се обезбеди безбедност на државата.
Како што јавија светските агенции, рускиот претседател нареди забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија, чиј список ќе го утврди владата.
Владата има рок од два дена да го утврди списокот.
Мерките се воведуваат како одговор на западните санкции против Русија поради инвазијата врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД забрани увоз на руска нафта и гас
МИА/Фото: РТ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.