еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на бројот на туристи во јануари

Во јануари годинава земјава ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања, што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9 отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1 отсто странски туристи. Од остварените ноќевања 56,5 отсто ги направиле домашните туристи, а 43,5 отсто странските туристи.

При тоа бројот на домашните туристи во јануари 2022 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 19,5 отсто, а на странските за 73,2 отсто.

Во овој период домашните туристи оствариле за 22 отсто повеќе ноќевања, а странските за 53,4 отсто во споредба со минатогодишниот јануари. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено и смело на пандемијата, оцени Ангеловска-Бежоска

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во декември лани

Редакција

ЕДС го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за набавка на струја вреден 690.000 евра

Редакција