еМагазин
Image default
Бизнис

Вабтек МЗТ лани работел со загуба

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот јануари – декември 2021 година оствари негативен финансиски резултат , нето загуба по оданочување во износ од 300.930 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

“Во пресметковниот период јануари – декември од деловната 2021 година остварени се оперативни приходи во износ од 1.496.875 илјади денари, кои бележат пораст од 2% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи приходите од продажба на домашен пазар бележат пораст од 176% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 2% во споредба со истиот период од минатата година.

Останатите оперативни приходи бележат намалување во споредба со истиот период од минатата година.

Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-декември од деловната 2021 година изнесуваат 1.765.850 илјади денари и бележат зголемување за 21% во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 14.880 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба во износ од 254.095 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е негативна, во однос на истиот пресметковен период од минатата година, каде е позитивна.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 46.835 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење во износ од 300.930 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вабтек МЗТ“ во загуба од 6 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави надоместоци имаат членовите на НО на Стопанска банка Скопје

Редакција

Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Редакција

Во Македонија ќе се произведува амбалажа за ковид-вакцините

Редакција