Од ЗК Пелагонија АД Битола преку Македонската берза известуваат дека е настаната промена на сопственост врз акции на начин што одреден сопственик се стекнал со над 5% од вкупниот број на акции со право на глас, а друг акционер кој поседувал над 5% го намалил своето учество под 5% од вкупниот број акции.
“Од акционерот Ненад Јосифовиќ се пренесени на акционерот Златко Пирузе 12.002 акции, по што акционерот Златко Пирузе од 4,38% пред преносот, се стекна со 10,296% од вкупниот број на акции по преносот, а на акционерот Ненад Јосифовиќ се намали учеството во вкупниот број акции од 7,394% пред преносот, на 1,479% по преносот на акции“, велат од Комбинатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗК Пелагонија со добивка во првите девет месеци од годинава
Цветан Панделески избран за претседател на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“