Руската државна енергетска компанија Газпром објави дека продолжува со големите испораки на гас преку Украина до западните земји.
Компанијата соопшти дека денеска низ гасоводот на Украина ќе поминат 108,4 милиони кубни метри гас, додека вчера биле испорачани 108,1 милиони кубни метри.
Русија продолжи да испорачува гас и во текот на викендот и покрај барањето на претседателот Владимир Путин гасот да се плаќа само во рубљи.
Транзитот на руски гас во Украина обезбедува милијарди евра буџетски приход.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Блумберг: Русија годинава би можела да заработи 321 милијарди долари од извоз на нафта и гас
„Непријателските“ земји, меѓу кои е и Македонија од утре за гас ќе плаќаат во рубљи, најави Путин
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.