еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ за оспорувањето во бугарските медиуми: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

Македонската православна црква – Охридска Архиепископја (МПЦ-ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми со кои, како што се наведува, се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ-ОА.

– Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката се уште не се случила“ е – неприфатливо.

При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети, стои во соопштението од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископја прашуваат по која основа некој ги обележува светителите.

– По која основа некој ги омеѓува светителите? Па тие, благодарение на својот богоугоден живот, дела и подвизи, им припаѓаат на оние народи коишто ги почитуваат! Затоа апелираме дека единствено во духот на Евангелието, само со меѓусебно почитување и признавање, може да се придонесе во градењето на довербата меѓу двата едноверни и со сите народи, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Редакција

Дали е доволно добар францускиот предлог засега ќе се воздржам да коментирам, сакам да помине еден поширок круг на консултации, вели Пендаровски

Редакција