еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна

Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната.

Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно.

Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.

Граѓаните се советуваат да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија.

Полската Влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина.

Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и студено зимско време.

Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на дел од граѓани во Полска, која граничи со Украина.

Иако Русија ги фокусираше повеќето напади на северот, југот и истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз градот Лавов, кој се наоѓа на само 60 километри од полската граница.

Засега нема конкретни информации дека Русија планира да ја нападне Полска, исто како што ниту Полска очекува напад, но се стравува дека Москва би можела да ја прошири својата инвазија во соседните земји.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се ревидира проектот за автопат од Скопје до Блаце, ќе се гради по друга траса

Редакција

Тројца научници кои открија нови сознанија за кислородот добитници на Нобеловата награда за медицина

Редакција

Наставник од Струмица осомничен за полов напад врз дете

Редакција