еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Мора да се превземе акција, прв чекор е ембарго за нафтата, слободата нема време да чека“, порача Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина нема време да чека.

„Слободата нема време да чека. Кога тиранијата започнува агресија против сè што го одржува мирот во Европа, мора веднаш да се преземе акција.

Потребно е да се дејствува на принципиелен начин. И ембаргото на нафтата треба да биде првиот чекор. На ниво на сите демократии, целиот цивилизиран свет. Тогаш Русија ќе го почувствува тоа. Тогаш тоа ќе биде аргумент за нив – да бараат мир, да престанат со бесмисленото насилство,“ порача Зеленски.

Вчера, британскиот премиер Борис Џонсон го посети Киев и изрази желба да прошета низ градот, а Зеленски како домаќин му го овозможи тоа. Британија вети 120 оклопни возила помош за Украина.

Фото/видео: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина нема да дозволи транзит на руски гас додека не ги контролира гасоводи

Редакција

За приредбата со пушки и симболи на УЧК во Челопек одговорност ќе понесе наставничката која била организатор

Редакција

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Силвана Жежова