еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонија на „коруптивен максимум“: СЈО не може да постигне со старите, наплив на нови случаи

Во период кога почнаа да паѓаат пресудите за позначајните случаи покренети од Специјалното јавно обвинителство и прв пат имаше заплена на имот вреден 17 милиони евра по пресудата во случајот „Труст“ се појавија случаите со 35. милионскиот тендер за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи и доделувањето на средства од Фондот за иновации на фирми во сопственост на функционери од власта што само фрли сенка на досегашните напори на СЈО за расчистување со државниот криминал.

Попусто се одлуките за поништување на тендерот и повлекувањето на фирмите од аплицирањето на државна помош, кога штетата е направена односно перцепцијата на граѓаните дека корупцијата на политичарите имало и ќе има без оглед на тоа од која политичка партија доаѓаат се чини дека сега е бетонирана.

Станува јасно дека главна цел на секоја политичка партија е да се приграби до власта за на овој или оној начин да може да ги користи државните ресурси за личен бенефит, а не благосостојбата на граѓаните.

Освен бизнис-зделките, најдобар показател за тоа се илјадниците нови вработувања во администрацијата во изминативе месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок трансакции продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Каков имот пријавила министерката за култура Стефоска, која беше опомената од Антикорупциска

Редакција

Заев: Освен декриминализација, лично поддржувам легализација на употребата на марихуана

Редакција