еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имотот на Мијалков останува „замрзнат“: Кривичниот суд ги одби жалбите

Кривичниот суд ги одби како неосновани жалбите на правните лица „Дивелоп груп“ ДОО Скопје и „Бест Вејт Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје против шест решенија на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот познат како „Империја“.

Како што информира од Судот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција вчера одржал седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите, донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост.

– Во текот на изминатата недела, судиите од Одделот на претходна постапка, постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител, донесоа решенија со кои се изречени мерки – одземање на имот заради обезбедување поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело, како и забрана на правните лица за располагање со удел во правно лице и отуѓување на имот кој се запленува во корист на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Империја“: Запленет имот на Мијалков

Одбраната на Мијалков сe жали на Обвинителство за барањето за „замрзнување“ на неговиот имот

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи“: Мицкоски за средбата со бугарскиот премиер

Редакција

Бугарија спори три прашања – името, јазикот и гаранцијата за спроведување на договорот, вели Османи

Редакција

Барањето на Путин гасот да се плаќа во рубљи, значи раскинување на договорот, оцени германскиот министер за економија Хабек

Редакција