еМагазин
Image default
Македонија

„Повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба“, рече Трајковски на судењето за „ТНТ“

Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска ги даде завршните зборови за случајот „ТНТ”, каде посочи дека овој судски процес има една единствена цел, „да придонесе кон збогатување на оштетениот Фијат Цановски и да резултира со оштета на Буџетот на државата”.

-На средба со инвеститорот на објектот „Космос”, Фијат Цановски, тој не негира дека гради нелегално. Исто така, јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели Трајковски.

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба предложи до судот да обрне внимание на релевантните докази, бидејќи со ништо не се докажува вината на Трајковски и треба да биде ослободен од обвинение.

Во случајот „ТНТ” обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Никола Груевски на кој му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во Општина Гази Баба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се избира ректор на УКИМ, кои се кандидатите

Редакција

Ќе се исплаќа милионска отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Редакција

Ни окупатори не упатуваат такви барања, вели Пендаровски за желбата на Бугарија да биде дел од процесот за уставни измени

Редакција