За примања на членови на Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар АД Скопје во 2021 година им биле исплатени вкупно 10.988.316 денари по основ на бруто плати на членовите на Управниот одбор и 1.777.760 денари по други основи, стои во Годишниот извештај на компанијата објавен преку Македонската берза.
“Во 2021 година беа исплатени вкупно 2.582.989 денари по основ на бруто плати на членовите на Надзорниот одбор и 799.992 денари по други основи.
Примањата кои членовите на Управниот и Надзорниот одбор ги оствариле по основ на членување во органи на управување на други друштва и по други основи се од доверлив карактер“, стои во извештајот.
Во Управниот одбор на компанијата се: Младен Дамев, претседател на Управен одбор, Озџан Даут, член, Велимир Шиповиќ, член, Арменд Етеми, член и Бесар Етеми, член.
Во Надзорниот одбор се: Фатмир Етеми, претседател на Надзорен одбор, Димитар Џеков, независен член и Ацо Дудулоски, член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Скопски пазар“ ја зголеми добивката во првите три месеци од годинава