еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Слободен влез во Србија, од утре ги укинува сите ковид-мерки

Од 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Србија, воведени како мерки против Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија“, се наведува во соопштението на српската влада.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата се заснова на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

„Важно е да се напомене дека оваа одлука не значи дека пандемијата на коронавирусот е завршена и дека граѓаните не треба да се грижат за своето здравје.

Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Ковид амбулантите, пунктовите за тестирање на вирусот Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено“, соопштија од владата.

Од почетокот на пандемијата во Србија тестирани се вкупно 9.491.908 лица, а регистрирани се 2.006.695 случаи на зараза и 15.999 смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Хрватска ги укина сите ковид-ограничувањата за влез во државата

Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара на Евровизија ќе пее со Мадона

Редакција

До петок променливо и нестабилно, од сабота постепена стабилизација на времето

Редакција

Зависи ли ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот од одлуката на Апелација за Груевски?

Редакција