еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Италијанскиот премиер Драги повика на итен почеток на преговори со Македонија и Албанија

Италијанскиот премиер Марио Драги повика на „итен” почеток на официјалните пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување” на преговорите со Србија и Црна Гора.

Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација”, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година”.

– Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги.

Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина.

– Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Италија е толку погодена од кризата со коронавирусот

Редакција

„Крафтинг груп“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на боја вреден 2,4 милиони евра

Редакција

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

Редакција