еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка за шест месеци оствари добивка од 1,1 милијарда денари: Раст од 26,2%

Во периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената деловна политика на банката за 2018-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата, соопшти банката преку Македнската берза.

Со 30.06.2018 година билансната сума достигна 74.700.839.000 денари, односно се намали за 1.054.805.000 денари или 1,4% во однос на 31.12.2017 година, главно поради редовната целосна отплата на субординиран заем на 29.06.2018 година, во износ од 12 милиони евра и помал износ на депозити од небанкарскиот сектор.

Вкупните кредити на небанкарскиот сектор се зголемија за 458.275.000 денари или за 0,9% во однос на 31.12.2017 година и изнесуваат 49.175.099.000 денари.

Нето добивката на банката заклучно 30.06.2018 година изнесува 1.175.932.000 денари и е повисока за 26,5% во однос на истиот период од 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славица Кутиров поднесе оставка од директорското место во Царинската управа

Редакција

„Изградба-комерц“ доби два тендери на МОН за рехабилитација на училишта вредни 2,5 милиони евра

Редакција

Потпишан Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција-Македонија

Редакција