еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Четврток и петок стабилно и топло време, за викенд повторно нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и град

Утре се очекува изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на
невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималната температура ќе се движи во интервалот од 4 до 10 степени,а максималната дневна ќе биде од 17 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе има слично време со утринска температура од 9, а дневната до 25 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради грешки учебникот по Историја и општество за петто одделение повлечен од наставата

Редакција

Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на БЈБ, поради скандалот со службеното возило

Редакција

Маж починал во куќарка на паркинг во скопски Центар

Редакција