еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Медведев предупреди на можна нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, бидејќи земјите членки ја снабдуваат Украина со оружје

Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.   „Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите“, предупреди Медведев.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?

Редакција

Убава вест: Оздравени 9 лица од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Снимки од дрон за ужасот на коронавирусот од Будимпешта до Рио де Женеиро

Редакција