Односите меѓу Северна Македонија и Србија се на исклучително високо ниво во сите области, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на маргините на Регионалниот самит во организација Македонија 2025.
На средбата, која претходеше на присуството на двајцата премиерот на Регионалниот самит, како што истакна Ковачевски станало збор за соработката помеѓу Северна Македонија и Србија, притоа потенцирајќи ги исклучително високото ниво на пријателски односи и соработка на сите нивоа, не само на еконскомски план, туку и во трансспорт и врски, зејоделството и друго.
Ковачевски потенцира исто така дека за истакнување е дека нашата трговска размена надмина една милијарда евра, и тоа дека Северна Македонија го зголеми извозот за 40 проценти, додека Србија кај нас за 20 проценти.
Премиерот Ковачевски потенцира дека оваа соработка не претставува замена за европските интеграции, туку значи чекор за зачленување во ЕУ.
На средбата со Брнабиќ, како што кажа, станало збор и за одржување трета заедничка владина седница, која би се одржала веднаш по формирањето на новата Влада во Србија и за иницијативата Отворен Балкан и претстојниот самит во Охрид, каде треба да бидат потпишани меморандуми за соработка.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, истакнувајќи дека пред нас се времиња полни со предизвици, на граѓаните на државава им порача дека Србија ќе остане сигурен и стабилен партнер на кого ќе можете да сметаат во најтешките моменти и во иднина.
Брнабиќ нагласи дека Србија искрено ја поддржува РС Македонија на нејзиниот европски пати.
-Дури и во разговорите за нашето приклучување во ЕУ секогаш им укажуваме на нашите европски партнери од колкаво значење е за целиот регион да се забрзаат евроинтеграциските процеси на Албанија и на С Македонија, бидејќи тоа ќе даде позитивен сигнал за развој на целиот регион на Западен Балкан, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека во скоро време ќе се одржи заедничка седница на двете влади без оглед на тоа кога ќе се формира новата Влада во Србија, потенцирајќи дека тоа ќе биде Влада на континуитет во однос на соработката со Северна Македонија што ќе продолжи на истиот тој пат на одлична економска и политичка соработка.
Само лани, информира Брнабиќ, трговската размена меѓу двете држави е од над една милијарда евра, а Србија е третиот најважен трговски партнер на Северна Македонија после Германија и Велика Британија. Северна Македонија е во првите 10 земји каде најмногу извезувала Србија лани во износ 815 милиони евра.
Премиерката Брнабиќ истакна дека Северна Македонија е еден од најблиските политички и економски партнери на Република Србија и во тој контекст ја спомена инцијативата Отворен Балкан чија цел е подобрување на економите и жвиотниот стандард на нејзините членки. Наведе дека таа се базира на четирите основни слободи на ЕУ врз кои е формирана и тоа слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги.
МИА/Фото: Влада