еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ

Културно-Информативниот Центар – Скопје, поканува на промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ на издавачката куќа Чудна Шума, на ден 8 јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје).

Kултната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа Чудна шума.

Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција.

Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска.

***

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1978-1986 е асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (работа на полето на англиските студии со посебен акцент на Шекспир и англиската драма). Од 1986-1998 е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје (работа на полето на креативното пишување и студии на драмските теории и модели).

Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени. Почина на 27 ноември 2018 година.

Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. По завршувањето на студиите на Академијата за применета уметност работи како карикатурист во „Вечерње новости” , а потоа се сели во Канада, од каде што работи со реномирани весници како што се „Њујорк тајмс”, „Вол стрит џорнал“ и „Торонто стар “. Од 2009 година почнува да подготвува карикатури за неделното издание на „Политика”, а во 2013 година се враќа во Белград.

За неговите илустрации за деца, ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и многу други.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

MyKi Pet уред за лесно лоцираље на домашните миленици

Редакција

„ЗдравоЗаГотово“ со нова сезона и нова тема – Антикорупција

Редакција

Не споделувајте повеќе: Човекот што вчера се бараше во Ново Лисиче е пронајден

Редакција