еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Вучиќ и Абазовиќ пристигнаа во Охрид за „Отворен Балкан“

Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ денеска пристигнаа во Охрид каде што утре ќе се одржи работниот дел од самитот.

Прес-службата на Владата информира дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Премиерот на Албанија, Еди Рама во доцните попладневни часови ќе биде пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, а претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија пристигна вчера во Охрид.

Според агендата, на самитот „Отворен Балкан“ утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како и договор за соработка за заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни и од други овластени институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата „Св. Еразмо“ за набавка на масло за горење вреден 220.000 евра

Редакција

43-годишен Србин најден мртов во изнајмен објект во скопска Кисела Вода

Редакција

Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

Редакција