еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Вархеји: Работиме на тоа Македонија да успее во јуни и мораме да успееме

Работиме на тоа Северна Македонија да успее во јуни и мораме да успееме. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Во гостување на ТВ Сител, Вархеји најави дека веднаш по Самитот на Отворен Балкан во Охрид, заминува за Софија. Тој потенцира и дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји.

-Не сум по обложувањето, туку сум по работењето. Се додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на Северна Македонија, со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ.

Тој е дециден дека ќе продолжи да ја посетува Софија се додека не се најде решение.

-Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, се додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции како да ги одблокираме работите. Во оваа фаза е прерано да се каже, но се надевам дека со уште работа ќе стигнеме до целта, подвлече Вархеји.

На прашањето што ако земјава ја пропушти оваа шанса да ги почне преговорите и дали ќе добие место во некоја нова политичка организација како што најави Емануел Макрон, Вархеји повтори дека Северна Македонија мора да успее.

– Ако почнам сега да зборувам што ќе се случи ако не успееме, ќе станам најлош адвокат на мојата сопствена работа. Нема да го направам тоа. Тука сме за да ја завршиме работата, тука сме за да успееме. Северна Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа.

Овој политички чадор, како што јас го нарекувам, е дополнителен елемент и имавме доста јасно објаснување од оние што го предложија тоа. Станува збор за комплементарен елемент кој ќе креира многу повеќе дијалог во регионот на едно повисоко политичко ниво. Ова ќе го доближи регионот кон Европа, но секако ќе треба да проодлжиме со процесот на проширување и затоа може да донесе опипливи бенефиции за регионот, истакна еврокомесарот.

Во врска со потврдата на Макрон дека постои можност за нов договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, Вархеји рече дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се каже.

-Нема да оставиме непрвртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. Мислам дека сите сакаат резултат, резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на Северна Македонија, рече Вархеји.

Прашан дали може Северна Македонија и Албанија да бидат одвоени на европскиот пат и што ако тоа се случи, еврокомесарот повтори дека се работи на тоа Северна Македонија да успее во јуни.

-Мораме да успееме, порача уште еднаш Вархеји.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекомуникацискиот оператор Vip станува А1 во текот на годинава

Редакција

Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде готов најдоцна за година ипол

Редакција

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција