еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Чекорење низ бајка: Рајкова пештера во Србија претворена во магија, со 3Д мапинг

Пештерите сами по себе се убав природен бисер, но кога ќе се разубават со 3Д мапинг, тогаш се претвораат во магија.

Таков е случајот со Рајкова пештера во Србија, која што беше разубавена со светлосна инсталација од страна на Coca Cola HBC, Србија.

Настанот во Хомоље, на кој присуствуваше и екипа на еМагазин, беше организиран по повод новиот бренд на Роса, природно минерална газирана вода Роса Хомоље. Новата вода, веќе е лансирана на српскиот пазар, а кај нас ќе пристигне за два месеци.

Каде се наоѓа?

Пештерата се наоѓа во Источна Србија, на два километри од Мајданпек.

Легендата за оваа пештера вели дека името го одбила по Рајко Војвода, за кој се претпоставува дека живеел во 19 век и дека таму го криел своето богатство, кое го пљачкосувал од Турците. Оттука и кружење на приказните дека во оваа пештера е скриено богатството на српскиот Робин Худ.

Пештерата е поделена на неколку т.н пештерски сали како што се Кристална сала, Сала на водопади, Зимска бајка, Концертна сала и во тие предели всушност е и 3Д мапингот, кој е со природни мотиви. Пешачејќи по пештерските патеки, се служа и жуборот на Рајкова река.

Пештерата е богата со пештерски накит во различни форми од снежно бел кристален калцит, до сега е истражена во должина од 2.304 метри, и е најдолга во Србија.

Во рамки на настанот кој што беше организиран по повод промоцијата на Роса Хомоље, се одржа и работилница за првење природни креми од билки, кои виреат на тоа поднебје кое е живописно, и изобилува со богата флора и фауна.

Гостите имаа уникатно доживување на престој на отворено, но и можност за преноќување и целосно претопување со природата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жешкиот костен“ во рацете на пратениците: Каква е постапката за промена на Уставот?

Редакција

Борисов: Не се случи ништо страшно, се надевам дека следната година ќе пронајдеме заедничко решение

Редакција

Голем интерес за граѓанската обврзница: 1.283 граѓани уплатиле 1,4 милјарда денари

Редакција